Локација: Васил Ѓоргов 21-2/1, Скопје | Работно време: Понеделник - Петок (09:00 - 17:00) и секоја втора сабота во месецот
Апаратура за снимање на слип апнеа

Апаратот за слип апнеа CPAP Resvent iBreeze 20A е наменет за третман на дијагностицирана Слип апнеа и нарушувањето на сонот. Тој испорачува континуиран притисок на воздух во текот на ноќта според предходен скрининг на дишењето.
Овој уред е наменет за дијагноза, титрација и третман на нарушувањето на сонот. Апаратот е со ергономски дизајн, напреден алгоритам за вентилација и работи според потребите на пациентот. Параметрите за дишење ги снима на микро SD картичка, преку која може да се прати процесот на лекување.
Медицински индикации:
- Обструктивна sleep апнеа (OSA
- Централна sleep апнеа (CSA)
- Комплексна sleep апнеа
- Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)
- Срцева инсуфициенција
- Хиповентилациски синдром поврзан со дебелина (OHS)
- Белодробна хипертензија
- Невромускулни болести
- Пооперативна респираторна поддршка
Апаратот за слип апнеа BPAP Resvent iBreeze 25STA овозможува позитивен притисок на дишните патишта што Ви помага полесно да дишете. Тоа е форма на неинвазивна вентилација што може да ја користи секое лице кое има отежнато дишење и има дијагностицирано респираторна инсуфициенција предизвикана од ХОББ, пулмонален едем или пневмонија.
Овој апарат за третман на централна слип апнеа со bi level вентилатор се прилагодува на индивидуалните потреби на пациентот.

Медицински индикации:
- Опструктивна sleep апнеа (OSA) – кога CPAP не е доволен
- Централна sleep апнеа (CSA) – нарушен мозочен сигнал за дишење
- ХОББ – намалување на CO₂ ретенција
- Хиповентилациски синдром поврзан со дебелина (OHS)**
- Рестриктивни белодробни болести** (кифосколиоза, мускулна дистрофија, ALS)
- Срцева инсуфициенција со Cheyne-Stokes дишење**
- Белодробен едем** – во одредени случаи
- Пооперативна респираторна поддршка**
- Акутна респираторна инсуфициенција со хиперкапнија**