Третман за болка

Третманот за болка е сеопфатен пристап кој комбинира различни техники за намалување на болката, подобрување на подвижноста и забрзување на закрепнувањето. Овој третман вклучува: 

  • Мануелна масажа која ја опушта мускулната напнатост, ја  подобрува циркулацијата и го намалува воспалението. 
  • FASCIQ® IASTM третман за фасција кој претставува вид на мануелна терапија која се фокусира на фасцијалните ткива.
  • Dry Needling третман кој се користи за болка во мускулите и потешкотии во движењето, третирајки ги миофасцијалните тригер точки.
  • Кинезитејп  е посебна метода на апликација на тенки, еластични ленти кои помагаат во третман на поголем број повреди и воспалителни процеси.

Со комбинација на овие методи, третманот за болка обезбедува брзо и ефикасно олеснување, враќајќи ја природната функција на телото.