Кинезитејпинг

Кинезитејпинг е посебна метода на апликација на тенки, еластични ленти кои помагаат во третман на поголем број повреди и воспалителни процеси. Кинези лентите во однос на дебелината и еластичноста имаат речиси исти својства како и кожата, со што може да се носат без да го ограничат движењето.

Медицински индикации:

  • Пост третман на повреди на мускулно-скелетниот систем
  • Стимулација на хипотонични мускули и инхибиција на хипертонични мускули
  • Третман на проблеми предизвикани од преоптоварување
  • Тениски лакт
  • Скокачко колено

Контраиндикации од кинези тејп

  • Акутно воспаление на ткивото на кожата
  • Акутна инфекција
  • Отворена рана
  • Длабока венска тромбоза,
  • Малигнитет
  • Тешка алергија