Апарат за лимфедема

Апаратот за лимфна дренажа работи на принцип на испрекината пневматска компресија т.е го користи создадениот притисок во форма на бран и со тоа овозможува компресивна лимфна дренажа. Пневматска пресотерапија на пациентот делува позитивно со многу пријатно чувство на олеснување.

Медицински индикации:

  • Мастектомија
  • Хистеректомија
  • Целулитис (подобрување на лимфната дренажа и циркулација)
  • Брзо закрепнување по пластична и реконструктивна хирургија
  • Отекување на нозете и рацете за време на бременост
  • Подобрена регенерација на кожата после козметички третмани (ботокс, филери, ласерски процедури)