Локација: Васил Ѓоргов 21-2/1, Скопје | Работно време: Понеделник - Петок (09:00 - 17:00) и секоја втора сабота во месецот
Бандажирање со тејп и притејп

Бандажирањето со тејп и притејп (врап) една од најефикасните техники за превенција од повреди која ја користат сите професионални спортисти. Ова е техника која се користи за поддршка и стабилизација на зглобовите на телото.
При аплицирање прво се поставува притејпот (врап) кој е во форма на сунѓереста лента која обезбедува заштитна бариера помеѓу кожата и самолепливата лента тејп. Потоа се аплицира тејпот кој всушност е самолеплива лента која обезбедува цврста поддршка и компресија на зглобот.
Бенефити:
- превенција од повреда
- намалување на болката
- ја подобрува функцијата на мускулите
- спречува повторни повреди
- психолошка сигурност во движењето
