Кислородна терапија

Примарната цел на кислородната терапија е да обезбеди адекватен доток на кислород до ткивата на виталните органи.

Кислородната терапија претставува вид на терапија која се одвива до додавање на поголемо количество на кислород на лицето на кое му е потребно. Количеството на кислород кое ќе го прими лицето, задолжитено го одредува доктор, според предходно земена анамнеза и направени анализи.

Оваа терапија може да се користи во болнички и домашни услови.

  • Кислороден концентратор е медицински апарат кој апсорбира воздух од просторијата, го филтрира, го издвојува чистиот кислородот и потоа го испорачува директно до пациентот преку назална канила или маска. На тој начин, обезбедува постојан и стабилен извор на кислород за лица кои имаат потешкотии со дишењето или имаат намалено ниво на кислород во крвта.

Медицински индикации:

  • Астма
  • Хроничен бронхит
  • ХОББ
  • Цистична фиброза
  • Емфизем
  • Рак на бели дробови
  • Пнеумонија
  • Срцева слабост
  • Белодробна фиброза