Компресивно (еластично) бандажирање

Компресивното бандажирање е техника која се користи за примена на контролирана и постепена компресија на одредена област на телото. Оваа техника е особено важна за третман на повреди, оток и циркулаторни нарушувања. Главната цел на компресивното бандажирање е да се подобри циркулацијата, да се намали отокот и да се поддржи заздравувањето на ткивата.

Медицински индикации:

  • Лимфедем
  • Постоперативна рехабилитација
  • Акутни спортски повреди
  • Третман на површни рани
  • Превенција на длабока венска тромбоза (ДВТ)

Компресивното бандажирање треба да биде извршено од физиотерапевт специјалист од оваа област, бидејќи во спротивно може да настане поголема компликација.