Локација: Васил Ѓоргов 21-2/1, Скопје | Работно време: Понеделник - Петок (09:00 - 17:00) и секоја втора сабота во месецот
Лимфедема на рака или нога (што е лимфедем?)

Лимфедемот е форма на оток кој се појавува во одреден дел на телото. Најчесто оваа состојба е локализирана во рецете и нозете, а се појавува како последиа на задржување на лимфата.
Според причините за појавата на лимфедема таа се дели на примарна и секундарна.
- Примарната лимфедема е вродена и настанува како последица на деформации на лимфните канали и јазли во телото.
- Секундарната лимфедема се стекнува во текот на животот, а причина може да биде операција, инфекција или тешка повреда. Во текот на операција на карцином на дојка често се отстрануваат и околните лимфни јазли со цел да се отстрани целиот малигнен тумор. Со ова доаѓа до промена на лимфниот систем и настанува собирање на вишок на течности и настанува лимфедема.
Знаците кои предупредуваат на појава на лимфедема во горните екстремитети се:
- Чувство на тежина во рацете
- Затегнување во дланката
- Оток на раката или дланката
- Ограничено движење на раката
- Затегнување во ракавите кое претходно не сте го чувствувале
- При притисок во раката настанува вдлабнатина.
Причини кои го зголемуваат ризикот од лимфедема
- Повреда на кожата и мускулите
- Топлина
- Преголемо оптеретување на рацете
- Зголемена телесна тежина
- Дијабет
- Прекумерно пушење
- Крвни згрутчувања
- Долги авионски летови
- Напреден канцер во лимфните јазли.
После сите хируршки интеревeнции, хемотерапија и зрачење, може да дојде до појава на едема. За жал кога еднаш ќе се јави едема, што подолго е присутна, се потешко е да се намали отокот. Затоа е потребно да се прави редовна лимфна дренажа, особено кај пациентки кои имаат направено операција на дојка. Кај нив се отстрануваат лимфните јазли во пределот на пазувите, што го отежнува враќањето на лимфата во крвотокот. Колку често е потребна лимфна дренажа зависи од степенот на отокот, односно дали се работи за лимфедема од прв, втор или трет стадиум. Состојбата значително се подобрува кога ќе се воспостават нови лимфни патишта.