Мануелна лимфна дренажа

Овој третман претставува многу нежен вид на масажа која се користи да го иститсне вишокот на течности од телото и да го подобри целокупниот лимфотек во телото. Движењата на масажата се одвива со бавни движења во правецот на текот на лимфата. Овот третман го прави лиценциран физиотерапевт кој има стручна медицинска едукација за оваа состојба. Масажата мора да се примени на гола кожа и не смеат да се користат лосиони или масла за да биде третманот ефикасен.

Мануелната лифна дренажа започнува со стимулација на лимфните садови и нодуси на незафатениот соседен квадрант. Третманот се пренесува на зафатениот екстремитет, од проксимално празнење спрема дисталните делови. Мануелната лимфна дренажа се базира на концептот, најпрво се празни централниот регион, лимфните садови се празнат во соседниот дел на телото, се врши празнење на два соседни гранични квадранти, со дренирање на лимфните јазли ако постојат и на крај дренажа на екстремитетот, прво проксимално па дистално.

Зафатите се дизајнирани така што со нив се истегнува ѕидот на епифацијалните лимфни садови со што се зголемува нивната активност и се потиснува лимфата во одреден правец. Движењата на рацете од терапевтот се точно определени, кружни, и имаат свој:

  • Интензитет на притисок на раката кој мора да биде пријатен и нежен и се движи до 30 mmHg, не поголем затоа што може да предизвика прскање на лимфниот сад.
  • Насока или правец на движењата секогаш треба де е во правец на лимфотокот.
  • Редослед на зафатот, прво се празнат проксималните па дисталните сегменти.
  • Ритам или траење на зафатите – секој фат има своја работна фаза (1сек) и фаза на мирување (околу 5 секунди) така што се добива ефект на пумпање, за најголема ефикаснот се повторува 5-7 пати.

Контраиндикации за мануелна лимфна дренажа

  • акутни инфекции,
  • длабока венска тромбоза,
  • акутен бронхит,
  • срцеви и бубрежни едеми,
  • болки во стомак од непозната етиологија.
  • малигнитет
  • бронхијална астма.