Локација: Васил Ѓоргов 21-2/1, Скопје | Работно време: Понеделник - Петок (09:00 - 17:00) и секоја втора сабота во месецот
Скен на стапала

Скенирање на стапало е процедура која ги прикажува сите деформитети и аномалии на стапалото со помош на современ скенер. Овој скенер прави темелна идентификација на промените и се добива целосна слика за состојбата на стапалото. Снимките се чуваат во дигитална база на податоци, што овозможува на следното скенирање да се направи дигитална споредба со актуелната состојба на стапалото.За прв пат во Македонија спроведуваме статично и динамично скенирање. Според резултатите од скенирањето на клиентот му се дава соодветна влошка.



