Локација: Васил Ѓоргов 21-2/1, Скопје | Работно време: Понеделник - Петок (09:00 - 17:00) и секоја втора сабота во месецот
Sleep apnea

Слип апнеа претставува сериозно нарушување кое доведува до престанок на дишењето во текот на ноќта. Оваа состојба се карактеризира со престанок на дишењето и намалување на протокот на воздух низ дишните патишта во текот на сонот, кое трае и подолго од 10 секунди.
Пациентите наутро се будат уморни, имаат утринска главоболка и сѐ почесто се успиваат кога на момент престануваат со некоја работна активност. Исто така имаат зголемен ризик од мозочен и срцев удар и зголемен крвен притисок.
За дефинитивна дијагноза на опструктивната слип апнеа потребно е да се направи полисомнографско испитување во лабораторија за сон, а потоа се одредува лекувањето од страна на специјалисти. Третманот е со помош на специјален апарат Морфеус за слип апнеа.