Што е sleep apnea и како да се справиме со истата?

Слип апнеа претставува сериозно нарушување кое доведува до престанок на дишењето во текот на ноќта. Оваа состојба се карактеризира со престанок на дишењето и намалување на протокот на воздух низ дишните патишта во текот на сонот, кое трае и подолго од 10 секунди. 

Симптомите на слип апнеа?

  • гласно неправилно рчење
  • утринска главоболка
  • замор во текот на денот, прекумерна дневна поспаност
  • намалена концентрација
  • недостаток на енергија
  • ноќно потење и мокрење, енуреза
  • тенденција кон анксиознот и депресија

Видови на слип апна?

  • опструктивна слип апнеа – колапс на мускулите на фарингсот поради намален мускулен тонус во текот на спиењето
  • централна слип апнеа – временски ограничена нестабилност на респиратотниот систем
  • комбинирана слип апнеа – присутна и опструктивна и централна апнеа

Последици од нетретирана слип апнеа

  • намалување на интелектуалниот капацитет
  • намалување на имунолошкиот систем
  • метаболни промени
  • импотенција
  • раздразливост
  • срцеви и белодробни заболувања

Дијагностицирање на слип апнеа

  • анамнеза- медицинска историја преку стандардизиран прашалник
  • клинички преглед
  • дијагностицирање или скрининг за време на сон – полисомнографија
  • одредување на дијагноза

Третман

  • препорака за спиење
  • CPAP терапија
  • autocpap bilevel
  • хирургија

Фактори за успешна терапија на слип апнеа

  • едукација на пациентот – диететски режим, избегнување на алкохол и пушење
  • висок квалитет на терапија со апарат
  • правилен и соодветен избор на апарат и додатоци за истиот
  • следење на третманот во дефиниран временски интервал