Локација: Васил Ѓоргов 21-2/1, Скопје | Работно време: Понеделник - Петок (09:00 - 17:00) и секоја втора сабота во месецот
Дискус хернија

Дали знаете дека постои терапија за дискус хернија која не вклучува оперативен зафат?
Дискус хернијата настанува кога мекото јадро на дискот продира низ оштетен прстен, вршејќи притисок врз нервите и предизвикувајќи силна болка.
Наместо оперативен зафат, ARTCURE® нуди револуционерна терапија – трансдермална лепенка која со специјален гел помага во намалување на хернираниот дел преку осмотски процес.
По апликација, пациентот треба да мирува 24 часа, а резултатите се забележуваат за 24-72 часа. Резултатот од употреба на ARTCURE® дифузната лепенка е целосно отстранување на болката и/или вкочанетоста на нозете/рацете.
Механизам на дејствување:
По апликацијата на лепенката, елементите вметнати во истата минуваат трансдермално и стигнуваат (не преку крвните садови) до хернираниот дел. Како што споменавме погоре, содржината на јадрото (хернијален диск) се состои од 80% – 85% вода и со помош на осмотски процес, елементите содржани во лепенката (билните масла), ја отстрануваат водата содржана во хернираното јадро (дехидрација на хернија). На тој начин како резултат на дехидратацијата настанува големо намалување на хернираното јадро и притисокот што се врши на нервниот корен се ослободува и болката се елиминира



