Локација: Васил Ѓоргов 21-2/1, Скопје | Работно време: Понеделник - Петок (09:00 - 17:00) и секоја втора сабота во месецот
Компресивно (еластично) бандажирање

Компресивното бандажирање е техника која се користи за примена на контролирана и постепена компресија на одредена област на телото. Оваа техника е особено важна за третман на повреди, оток и циркулаторни нарушувања. Главната цел на компресивното бандажирање е да се подобри циркулацијата, да се намали отокот и да се поддржи заздравувањето на ткивата.
Медицински индикации:
- Лимфедем
- Постоперативна рехабилитација
- Акутни спортски повреди
- Третман на површни рани
- Превенција на длабока венска тромбоза (ДВТ)
Компресивното бандажирање треба да биде извршено од физиотерапевт специјалист од оваа област, бидејќи во спротивно може да настане поголема компликација.
