Локација: Васил Ѓоргов 21-2/1, Скопје | Работно време: Понеделник - Петок (09:00 - 17:00) и секоја втора сабота во месецот
Третман за болка

Третманот за болка е сеопфатен пристап кој комбинира различни техники за намалување на болката, подобрување на подвижноста и забрзување на закрепнувањето. Овој третман вклучува:
- Мануелна масажа која ја опушта мускулната напнатост, ја подобрува циркулацијата и го намалува воспалението.
- FASCIQ® IASTM третман за фасција кој претставува вид на мануелна терапија која се фокусира на фасцијалните ткива.
- Dry Needling третман кој се користи за болка во мускулите и потешкотии во движењето, третирајки ги миофасцијалните тригер точки.
- Кинезитејп е посебна метода на апликација на тенки, еластични ленти кои помагаат во третман на поголем број повреди и воспалителни процеси.
Со комбинација на овие методи, третманот за болка обезбедува брзо и ефикасно олеснување, враќајќи ја природната функција на телото.



